(ФОТО) Дизајнерот Роберто Кавали (82) доби дете со 45 години помлада манекенка

Италијанскиот моден дизајнер Роберто Кавали (82) повторно стана татко. На Кавали ова му е шесто дете, а тој доби син со шведската манекенка Сандра Нилсен, попозната како Сандра Бергман, која е 45 години помлада.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Sandra Bergman (@nilsson_sandra_)

Кавали и Сандра се во врска од некаде во 2014 година, но тие само сега го проширија семејството со уште еден член, кого го нарекоа Џорџо, според таткото на Кавали. Во изјава за италијански Новела, Кавали изјави дека Сандра е добро по породувањето. „Детето, кое се роди пред една недела во Фиренца, е здраво и убаво и кога го видов ме обзедоа емоции“, изјави Кавали и потоа продолжи.

„Го именувавме Џорџо, по татко ми, кој беше убиен од нацистите за време на масакрот во Кавриља, кога имав само четири години“, рече Кавали.

 

Италијанскиот моден маг има две деца, Томасо и Кристина, од првиот брак со Силванела Џанони, со која беше од 1964 до 1974 година. Потоа, тој ги има Роберт, Рејчел и Даниеле од вториот брак со Ева Марија Диренер, а сега има шесто дете, со 38-годишната поранешна шведска манекенка и зајачица на Плејбој од 2008 година.

 

index.hr