Кортни Кардашијан на концертот на рок бендот „Blink-182“, во кој нејзиниот сопруг Тревис Баркер е тапанар, објавила дека е трудна. Додека тој настапувал, таа држела транспарент: „Тревис, трудна сум“. Кортни по одржаниот концерт на Инстаграм потврдила дека го чека првото дете со Баркер. Кога најстарата сестра на семејството Кардашијан го подигнала транспарентот, Тревис веднаш се симнал од сцената во публика за да ја бакне и прегрне.
Кортни кон крајот на минатата година рекла дека по 10 обиди за вонтелесно оплодување се откажала од овој начин да добие дете бидејќи често била незадоволна, нерасположена и имала симптоми на тешка депресија.
За првпат за вонтелесното оплодување, Кортни зборувала во реалити шоуто „The Kardashians“, кога ѝ признала на својата мајка Крис Џенер дека посетата на гинеколог била ужасна.
Таа има 3 деца – Мејсон (13), Пенелопе (10) и Рејн (8) со поранешното момче Скот Дисик (39). Тревис пред Кортни доби 2 деца со поранешната сопруга Шанa Моаклер – синот Лендон (29) и ќерката Алабама (17).
Парот ја започна својата врска кон крајот на 2020 година, по повеќе од 10 години пријателство. Венчавката беше во Санта Барбара во мај 2022 година.
reporter.mk