(Видео) Осумгодишно дете од Гостивар загина во тешка сообраќајна несреќа во Албанија

Осумгодишно дете од Гостивар го загуби животот, а двајца негови сопатници се повредени и хоспитализирани во болницата во Елбасан по тешката сообраќајна несреќа што се случила денеска на магистралниот пат „Елбасан – Пеќин во Албанија, информира Министерството за надворешни работи (МНР).

Од МНР додаваат дека двете повредени лица се надвор од животна опасност.

„Македонската амбасада во Тирана е во комуникација со тамошните институции и со семејството на починатото дете и ставена е на располагање за асистенција во врска со преносот на останките од Албанија“, се вели во соопштението на МНР.

извор: Телма