ЦУК: Вардар се излеа кај Раотинце

Попладнево реката Вардар се излеа, поплавени се ниви и куќи во селото Раотинце, Општина Јегуновце, информираат од Центарот за управување со кризи.

Водата од реката се прелеала на критичните места кај Копанце и преку месноста Старо Вардариште дошла во атарот на Раотинце.

Ова е второ излевање на водата од Вардар во време од еден месец во овој предел.

Инаку нивото на водата на Вардар во моментот е до максималната кота во коритото.

ЦУК