Мајката од Албанија дошла и ја зела ќерката од Тетово

Скопјанец пријавил дека мајката на неговата невенчана сопруга, која е од Албанија, заедно со три други лица насилно ја принудиле сопругата да замине со нив со возило, соопшти Министерството за внатрешни работи.

„Денес  во 01.45 часот во Полициска станица Тетово Ј.Р.(36) од Скопје пријавил дека вчера околу 21.45 часот на паркинг пред фабрика во тетовско каде работеле заедно со неговата невенчана сопруга К.Т.(27) од Република Албанија со престој во Тетово, К.Т. од страна на нејзината мајка Б.Т. и три други лица со употреба на сила била принудена да замине со возило со нив. Се преземаат мерки за расчистување на случајот“, соопшти МВР.

 

 

fokus.mk