ЦУК: Во прекин патот Извор-Прилеп поради наноси од земја

Патот Извор- Прилеп е во прекин поради наноси од земја. За ова се известени ЈП за одржување и заштита на магистрални и регионални патишта и истите известуваат дека од понеделник ќе излезат на терен за санирање на патот, информираат од Центарот за управување со кризи.