Во неделата, околу 15.20 часот, во Полициската станица Делчево било пријавено дека на локалниот пат Македонска Каменица – с.Цера, кај место викано „Ајдарска маала“, А.С.(28) од Македонска Каменица, управувајќи мотоцикл со регистарски ознаки од Македонска Каменица, изгубил контрола и со мотоциклот излетал надвор од патот.
Во несреќата А.С. починал на местото, а смрт констатирал лекар од Итна медицинска помош.
Увид на местото на настанот извршиле Јавен обвинител и увидна екипа од Полициска станица Делчево. По наредба на Јавен обвинител, телото на починатиот било дадено на обдукција.
nezavisen.mk