Активистот Суад Мисини штрајкува со жед пред Собранието – бара целосно решение за лицата без документи

Стотици деца и возрасни без матична евиденција се лишени од правото да градат продуктивен живот, правото на школство, нега, социјална грижа, правото на работа – немањето слух на власта за овие проблеми, го натера активистот за човекови права и слободи, Суад Мисини, да започне штрајк со жед. Сам, во паркот спроти македонскиот Парламентот испрати порака за ургентноста од потребата да се донесат законите – апелира на животот да му се стави македонско знаменце, со значење – веднаш, објави Алфа.мк.

Со овој тип на штрајк сакам да ја потенцирам ургентноста на тоа дека треба да се делува веднаш, институциите да реагираат, бидејќи не смееме да дозволиме децата на Македонија да умираат. Добар чекор беше направен со носењето на измените во Законот за матична евиденција, сега се чека да се донесат измените во Законот за пријавување престојувалиште и Законот за лична карта – вели Мисини.

Како што посочува Мисини, има неколку нивоа на административен статус – запишување во матична книга на родени, издавање лична карта, издавање државјанство и секој аспект на на овој статус на секој граѓанин е поврзан со пристапот до одредени права. На местото од таканаречените фантоми, вели, треба да се појават граѓани и продуктивни поединци кои ќе ги уживаат правата гарантирани со Уставот, но и ќе плаќаат даноци.

Текстот во целост на: Алфа.мк.