Народот се обедини. Во случајот со Кристијан Коцев-Кико од карбинското село Долни Балван за чие лекување се собираа парични средства преку донации за 4 дена се собраа 50.000 евра.
– Во овој момент семејството на Кико ме замоли да објавам дека се стопираат броевите за донации, но сите настани и тоа што се организира во наредните неколку денови продолжуваат… Македонскиот народ се покажа уште еднаш како хуман и колку можеме да бидеме јаки кога сме сплотени. Фала ви од срце – објави на Фејсбук јутјуберот Стефан Лазаров кој му пружи поддршка на момчето.
Иако нема официјална потврда, во тек се правни процедури за детални извештаи, со оглед на тоа дека донации се собираа преку неколку различни канали.
Сепак, семејството на Кико започна процедура за стопирање на телефонските линии.
Кристијан има ретка дијагноза Атаксија-телеангиектазија. Откако му се влоши здравствена состојба беше сместен во приватна болница во Скопје.
Сега информациите се дека Кико е подобар, и се очекува дозвола од лекарите за тој да може да замина за Турција каде ќе го продолжи лекување за што беа потребни 50.000 евра.
fokus.mk