Нина заврши петто одделение и продава крофни за да собере пари за лекување на болниот татко

Нина има само 11 години и завршено петто одделение, а почетокот на распустот го користи за да му помогне на својот болен татко. Таа продава крофни во Нови Сад, Србија за да собере пари за лекување на нејзиниот родител.

Нејзиниот татко Зоран го загубил едното око поради тешка болест, а во опасност е и другото око. Единствениот спас е лекување во Москва, но за тоа се потрени многу пари.

 

– Прво речиси никој не сакаше да купи крофна од 100 динари (50 денари), а сега доаѓаат многу луѓе. Верувајте, 100 крофни дневно не ни се доволни со оглед на побарувачката, вели мајката на Нина.

 

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Nenad Pagonis (@nenadpagonis)