Мерко се огласи со соопштение: Ќе бидам отворен како и секогаш за поддршка на правдата и за секој процес пред правосудните органи

По речиси една недела молк откако Стејт департментот го стави на црната листа на САД, струшкиот градоначалник Рамиз Мерко се огласи преку соопштение дека ќе биде отворен пред правосудните органи во процесот за поддршка на правдата.

„По најновиот развој на настаните во врска со одлуката на американскиот Стејт Департмент, не сакав да комуницирам во корист на процесите, за кои ќе бидам отворен како и секогаш за поддршка на правдата и за секој процес пред правосудните органи. Oд страна на институцијата Општина Струга, како и од моја страна, ќе ја доставyвам навреме и што е можно поскоро секоја потребна документација, бидејќи секогаш сум бил транспарентен за органите на правдата и за сите други институции. Притоа, во интерес на процесот, решив да ја замрзнам секоја активност во партиските структури до затворање на важните процеси за сите“, вели Мерко во соопштението објавено на сајтот на Општина Струга.

Тој им се заблагодарува на граѓаните за поддршката низ годините, но и за поддршката што не ја штеделе и денови, за која е убеден дека ќе ги надминат заедно, за да создададат услови за подобар живот на стружани и за Струга што ја сакаат.

slobodenpecat.mk