Антикорупциската комисија има доказ дека ја испратиле претставката до Судскиот совет за Мерко

Антикорупциската комисија има доказ дека ја испратиле претставката до Судскиот совет за предмет поврзан со струшкиот градоначлник Рамиз Мерко ова во телевизиско гостување го тврди Софка Пејовска-Дојчиновска од државната комисија, објави Канал 5.

,,Не знам како да го искоментирам реагирањето на Судскиот совет, дали е тоа начин само да се префрли топката – ‘еве не сме ние највиновните’. Зошто не сме ги прашале откако сме им ја доставиле претставката, дали си ја завршиле работата. Имаме доказ, имаме испратница од пошта дека сме ја пратиле претставката, а на прес-конференцијата што ја имавме за Мерко ја покажавме испратницата со потпис на Судскиот совет дека е примена“,вели Пејовска-Дојчиновска.

Нејзината изјава следува откако Судскиот совет ги отфрли како неосновани и неаргументирани тврдењата на Државната комисија за спречување на корупцијата за непостапување, на предмет во случајот со струшкиот градоначалник Рамиз Мерко.За Судскиот совет се неосновани наводите на ДКСК дека загубиле документ против Мерко – денеска тричлена комисија на советот ќе го „чешла“ струшкиот суд.

извор: Канал 5