Ослободени се тројцата косовски полицајци кои беа приведени од српските сили на 14 јуни во пограничното подрачје во северниот дел на Косово, пренесува Анадолу.
Првиот секретар на Канцеларијата за врски на Косово во Белград, Фатмир Хаџоли, го потврди тоа и на социјалната мрежа Фејсбук со зборот „конечно“ и со слика на која е тој со тројцата косовски полицајци.
Претходно Хаџоли имаше најавено дека Рифат Зека, Бекир Сефа и Мустафа Шеми денес ќе излезат пред Судот во Краљево, кој им имаше одредено 30 дена притвор.
извор: Анадолу.
фото: Анадолу.