Дописничката од Вашингтон за Светскиот сервис на BBC Suzanne Kianpour предизвика гнев меѓу Македонците на социјалните мрежи откако на Twitter напиша дека Охрид е ужасно место кое се наоѓа во Македонија.
Definitely don’t come to Lake Ohrid. It’s an absolutely terrible place in North Macedonia. Super expensive. Bad weather. Really crowded. pic.twitter.com/0xlqCTOswE
— Suzanne Kianpour (@KianpourWorld) June 27, 2023
Новинарката со иранско-италијанско потекло во својот обид да посети 100 земји на светот деновиве е во Охрид од каде објави прекрасно видео од возење со чамец по езерото. Видеото е дополнето со порака која за многумина е сарказам, но за многу повеќе луѓе е навреда за Охрид.
– Дефинитивно не доаѓајте во Охридското Езеро. Тоа е апсолутно ужасно место во Македонија. Супер скапо. Лоши временски услови. Навистина преполно, пишува новинарката на BBC и иницира низа одговори на нејзиниот навредлив твит.
– Без објаснување од авторката не може со сигурност да се каже дали таа навистина мисли се’ најлошо за Охрид или е само саркастична, објави порталот expres.mk.
Keep your Lake Como 🇮🇹
I raise you, Lake Ohrid 🇲🇰
Visit this untouched gem in North Macedonia before it too becomes a tourist trap
I’m officially into the 70s on my journey to 💯 countries pic.twitter.com/L52w0iDgJe
— Suzanne Kianpour (@KianpourWorld) June 25, 2023
Твитот и видеото досега го виделе најмалку 26 илјади луѓе од цел свет. Два дена преходно Kianpour објави дека „треба да се посети недопрениот скапоцен камен пред Охрид да стане туристичка замка“.