Поп ѕвездата Мадона ја одложи турнејата, а поради здравствени проблеми беше во болница на одделението за интензивна нега.
„Во саботата, на 24 јуни, Мадона разви сериозна бактериска инфекција која доведе до неколкудневен престој на одделението за интензивна нега“, се вели во изјавата на менаџерот на пејачката, Гајо Осери, а пренесува „SkyNews“.
„Нејзината здравствена состојба се подобрува, но се уште е под лекарска нега. Се очекува целосно закрепнување“, напиша менаџерот и додаде:
„Во овој момент ќе мораме да ги паузираме сите обврски, меѓу кои е и турнејата. Ќе споделиме повеќе детали штом ги имаме, вклучително и нов датум за почеток на турнејата и презакажани настапи“.
nova.rs