Херојскиот чин на Раденко Костиќ (45) од Лозница, кој со совесна и брза реакција спаси живот, доби многу пофалби отк на социјалните мрежи.
Тој додека се движел по улицата забележал дека продавач на пуканки преговара со жена која стоела од другата страна на терасата со намера да скокне.
Се шетав во центарот на Лозница и забележав човек како продава пуканки во близина како преговара со некого и вели „стоп, некој ќе дојде“. Кога погледнав кон зградата здогледав жена која веќе со една нога го прегази балконот од станот на четвртиот кат. Веднаш истрчав горе и еден колега тргна по мене – вели Раденко.
Отишол иако не знаел точно на кој кат се наоѓа станот на жената.
— Pluton (@Pluton45873221) June 29, 2023
Како што вели, ризикот што го преземал не го исплашил бидејќи бил сигурен во себе и знаел дека е способен да помогне во таква ситуација.
– Мојот прв приоритет е секогаш да ја спасам жртвата. Важно ми е дека жената е добро и дека се избегна трагедијата. Сигурен сум во себе и не се колебам кога е во прашање човечкиот живот – вели Раденко.