Од денеска се одмрзнуваат маржите за лебот, млекото, јајцата.. што да очекуваме?

Денеска завршува владината мерка за ограничување на трговската маржа на основните прехранбени производи, која беше воведена за време на кризната состојба.

Од министерство за економија за Телма велат дека на пазарот веќе има стабилизирање на домашните цени на суровинските компоненти од увоз и цените на електричната енергија. Поради тоа од министерството сметаат дека домашните цени сега треба да продожат да се утврдуваат според пазарни услови. Долгорочна примена на ваквата одлука може да доведе до спротивен ефект на пазарните услови поради наметнување на државна контрола на цените и намалување на конкурентноста кога не сe објективни причинитe за тоа, велат од министерството за економија.

Со оваа одлука им се оставаат одврзани раце на трговците, и останува да се види дали тие се водат по пазарната логика или ќе ги зголемат цените на лебот, шеќерот, млекото и млечните производи, јајцата и ќе си го бараат загубеното.

Текстот во целост на: Телма