Во моментот гори голем пожар над селото Митрашинци, над објектите на семејството Валаски, алармира градоначаникот на Берово, Звонко Пекевски, упатувајќи апел за мобилизација на населението.
Пожарот може да прерасне во големина каква што имавме минатата година. Апелирам до населението, до граѓаните посебно од селата Митрашинци, Будинарци, Мачево, да се упатиме во што поголем број доброволци за побрзо гаснење на истиот со цел да не прерасне во големина каква што имавме минатата година, алармира тој.
извор:ФБ Звонко Пекевски