Пари: Граганите позадолжени од компаниите

Преку разните видови кредити домаќинствата се задолжени со 3,6 милијарди евра, а корпоративниот сектор со 3,4 милијарди евра. Вкупните со раст од 11,1 а кредитите за 5,8 проценти, покажува извештајот на Народната банка за монетарните движења во јули, објави pari.com.mk.

Вкупните депозити за една година се зголемени за 11,1 а кредитите за 5,8 проценти. Придвижувањето е засновано на потребите и навиките на корпоративниот сектор и на домаќинствата. Но, и во двата сегменти доминантен е придонесот на граѓаните. Тоа се гледа од последните податоци на Народната банка за монетарни движења евидентирани во текот на јули.

Растот, пак, на месечно ниво е 0,5 насто кај депозитите. Наспроти тоа, вкупните кредити минатиот месец забележале пад од 0,2 отсто. Според образложението од НБРСМ, тоа целосно се должи на намаленото кредитирање на корпоративниот сектор.

Домаќинства – Депозитите во јули се со низок месечен раст од 0,1 процент. Минималната позитивна промена се должи на зголемените долгорочни влогови и во девизи и во денари. Анализирано на годишно ниво, овие депозити се повисоки за 8,4 насто. Тоа се толкува со растот на депозитните пари и вкупните долгорочни депозити, додека намалување има кај оние со куса рочност.

Потребата на граѓаните за пари се забележува кај кредитите, кои во однос на јуни се повисоки за 0,4 проценти. Податоците велат дека е поголем интересот за задолжување во денари, иако не е мал придонесот ниту на девизните кредити. Споредено со состојбата од јули 2022, кредитите на домаќинствата оствариле раст за 6,4 насто. Тука превагнуваат кредитите во странска валута.

Според намената, и натаму најбарани се потрошувачките и станбените кредити, со идентичен месечен пораст од 0,5 насто. Оттаму, годишното придвижување е 6,2, односно 11 проценти.

Граѓаните покажале интерес и за автомобилските кредити. Минатиот месец бележат зголемување од 3,9 насто. На годишно ниво поместувањето изнесува 14,8 проценти.

Континуиран пад е присутен кај задолжувањето преку кредитни картички. Во јули се работи за намалување од 0,2, а годишно за 1,6 отсто. Исто така, намалување се евидентира и кај негативните салда на тековните сметки и кредитите одобрени врз други основи – за 1,5 и 0,6 проценти месечно, односно за 2,8 и 17,5 отсто годишно.

Се на се, преку разните видови кредити домаќинствата должат вкупен износ од 223.198.000.000 или 3,6 милијарди евра.

Текстот во целост на: pari.com.mk.