Мексико го зафати пеколен топлотен бран: За две недели најмалку 100 мртви, температурата достигна 50 степени Целзиусови!

Најмалку 100 луѓе починаа во изминатите две недели во Мексико поради екстремни горештини бидејќи температурата достигна речиси 50 степени Целзиусови во некои делови од земјата, соопшти мексиканското Министерство за здравство.

 

Повеќе од две третини од смртните случаи се случиле во неделата од 18 до 24 јуни, соопшти Министерството.

 

Во истиот период минатата година во Мексико е регистриран само еден смртен случај од жештина.

 

Речиси сите смртни случаи се припишуваат на топлотен удар, а само мал број предизвикани од дехидрација, објави Ројтерс.

 

Околу 64 отсто од смртните случаи се случиле во северната мексиканска држава Нуево Леон, која граничи со американската сојузна држава Тексас. Повеќето од другите беа во соседните Тамаулипас ​​и Веракруз.

Тринеделниот топлотен бран во Мексико овој месец доведе до рекордна потрошувачка на електрична енергија, а властите ја прекинаа наставата во училиштата во некои области.

 

Во Мексико, температурите се намалија во последните денови бидејќи дождовната сезона ги донесе многу потребните врнежи. Сепак, температурите се уште се високи во некои северни градови. Во државата Сонора, градот Аконча во средата забележа температура од 49 степени Целзиусови.

 

nova.rs