Малолетно девојче почина на пад кон болница по удар од автомобил на улицата Метохиска.
Како што објави МВР, несреќата се случила вчера.
Вчера во Скопје на улицата „Метохиска“ патничко моторно возило „мерцедес“ со скопски регистарски ознаки управувано од Р.Н.(45) од Скопје удрило во малолетничка. Во несреќата малолетничката се здобила со тешки телесни повреди, а на пат кон болница починала“, велат од полицијата.
Од страна на лекар од болницата „Систина“ констатирана била смрт.
извор: МВР