Почина македонскиот писател Сашо Стефановски

Почина македонскиот писател Сашо Стефановски (1965-2023), на домашната јавност познат под псевдонимот Џанго Помалиот.

Беше активен блогер, активист и архивар на општествените промени и особено на микрокосмосот на урбаниот маалски живот.

Информацијата за неговата смрт ја објави „Окно“ со опис дека Стефановски е автор на најкусата проза објавувана на „Фејсбук“, активен блогер, активист и архивар на општествените промени и особено на микрокосмосот на урбаниот маалски живот.

Автор е на „Намали малце чалам“, збирка со кратки раскази на скопски теми, издание на Темплум во 2018.

Неговиот наградуван драмски текст „Модерна алхемија“, на крајот на 1980-те самиот го режираше во МКЦ.

Веста со тага ја примија неговите пријатели, но и познатите македоснки естрадни уметници, кои со посебна посвета се осврнаа на неговите достигнувања.
Од Стефановски се прости и актерката Весна Петрушевска.

„Саше….љубов и прекраснотија од човек…со него и со Катерина Колозова ги почнав првите чекори во театар.
Слава ти Саше! Џанго Помалиот“, напиша таа.

 

faktor.mk