Актерот Роберт де Ниро доживеа голема трагедија – почина неговиот внук Леандро Де Ниро Родригез. Тажната вест ја потврди ќерката на Роберт, Дрена, без да ја прецизира причината за смртта.
Американските медиуми пишуваат дека Леандро имал 19 години.
Дрена, исто така актерка, со емотивна порака на Инстаграм се прости од синот.
„Мојот прекрасен, сладок ангел. Те сакав од моментот кога те почувствував во стомакот. Ти беше мојата радост, моето срце и се што беше чисто и реално во мојот живот. Посакувам да бев со тебе во моментов. Не знам како да живеам без тебе, но ќе се обидам да продолжам и да ширам љубов и светлина. Беше толку длабоко сакан и ценет и посакувам таа љубов да можеше да те спаси“, напиша скршената мајка на Инстаграм под фотографијата со својот син.

извор: инстаграм drenadeniro