Марио Мицковски освои бронзен медал на Специјалните олимписки игри што се одржуваат во Берлин. Мицковски го освои третото место во 100 метри пливање слободен стил.
Општина Бутел обезбеди парична награда во висина од 60.000 денари и највисока месечна спортска стипендија од прва категорија во висина од 12.000 денари.
– Марио е најпозитивното и најмило дете што сум го сретнал, тој е јасен пример дека спортот го разубавува животот, Марио често не носи во димензии каде што сме биле убедени дека не можеме да стигнеме. Упорноста и храброто срце на Марио буткаат големи препреки, ја прават Македонија горда и директно допринесуваат Општина Бутел да остане најспортскта општина во државата, објави градоначалникот на Општина Бутел, Дарко Костовски.
skopjeinfo.mk