(ВИДЕО) Малата Емили доби коса, нејзината мајка ја донираше, сега изгледа прекрасно

„Преубава си Ем… Можеме да правиме плетенки, да врзуваме опавче, сè што сакаш“, вели мајката која ѝ подари перика од својата коса на ќерка си, откако девојчето се здобило со тешки изгореници и останало без коса по страшна експлозија кога имала една година.

Малата Емили имала само една годинка кога преживеала страшна експлозија, од која се здобила со тешки изгореници на главата и телото. Експлозијата ја предизвикала туба со гориво во автомобил и оттогаш Емили нема коса.

Сега, таа доби перика направена од косата на нејзината мајка, а нејзината реакција на подарокот е бесценета. Емили не ја крие својата среќа и почнува да плаче, бидејќи првпат откако знае за себе, таа има коса на главата.

Емотивната реакција на Емили ја сними нејзиното семејство, а потоа го објави видеото на Тик Ток.

„Се сеќаваш ли кога ми кажа дека сакаш да имаш перика од косата на мама? Ова е твојата перика“, вели мајката на Емили, пред да ѝ ја даде периката на својата мала ќерка.

„Моја е?“ прашува девојчето во неверување.

„Немој да почнеш да плачеш“, ѝ одговара мајката, која откри дека ја донирала својата коса за нејзината ќерка да има убава, природна перика.

Емили прво ја прегрнува мајка си, малку збунета, но среќна, а дури потоа ја става периката на главата и почнува да ја допира како да е нејзина коса.

„Изгледаш прекрасно“, во позадината се слуша глас на маж кој го снима видеото.

„Преубава си Ем… Можеме да правиме плетенки, да врзуваме опавче, сè што сакаш“, додава мајка ѝ.

Видеото од девојчето стана вирално, а јавноста е воодушевена од потегот на мајката, но и од храброста на малата Емили.

@philmyers08 #wigs #burnsurvivor #fyp ♬ original sound – Belinda

 

crnobelo.mk