Тешка сообраќајка на патот Прилеп – Градско, сообраќајот во прекин

АМСМ информира дека на 04.07.2023 година од 16,50 часот на магистралниот пат А-1, патен правец Прилеп-Градско, поточно во атар на с.Тројаци, поради случена сообраќајна незгода сообраќајот е во прекин во дватта правци.

Од Министерството за внатрешни работи се уште немаат дадено информации за случената сообраќајка. Повеќе детали за евентуални повредени или починати лица се очекуваат подоцна во денот.

извор:АМСМ