На 06.07.2023 од страна на полициски службеници од ОВР Виница од слобода е лишен Б.К.(26) од с.Двориште, беровско.
Околу 16.20 часот на регионален пат на место викано „Пекланска крстосница“, при спроведена акциска контрола од страна на полициски службеници од ОВР Виница, во содејство со Шумска полициска станица Виница, било констатирано дека Б.К., кој управувал товарно возило со беровски регистарски ознаки, врши превоз на огревно дрво, без соодветна документација.
По целосно документирање ќе следи соодветен поднесок.
извор: МВР