Турист од Шпанија се удави во Олимпискиот базен во Битола

Олимпискиот базен во Битола ја зеде првата жртва ова лето. Попладнево, во Олимпискиот базен се удави момче од Шпанија. Трагичната вест за давењето на момчето од Шпанија доцна попладнево ја потврдија од СВР Битола.

Во информацијата на СВР Битола стои:„Попладнево, во 16.46 часот во СВР Битола е пријавено дека во отворениот Олимпискиот базен во Битола се удавил шпанскиот државјанин С.Ч.(22). Смрт констатирал лекар од Итната медицинска помош, а увид извршила увидната екипа на СВР Битола.По наредба на јавен обвинител телото е предадено за обдукција“, информираат од СВР Битола.

 

slobodenpecat.mk