Мицкоски: ИК на ВМРО-ДПМНЕ едногласно одлучи дека прекинува официјалната комуникација со власта, повеќе нема да има средби на билатерално ниво

ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата повеќе нема да се среќаваат со власта на билатерална основа, изјави претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски одговарајќи на новинарско прашање при денешната посета на Штип, при што посочи дека таквата одлука е донесена едногласно на Извршниот комитет на партијата.

– Комуникација со власта немаме, оваа недела имавме седница на Извршниот Комитет на партијата и донесовме едногласна одлука дека како ВМРО-ДПМНЕ ги прекинуваме сите комуникации официјални на билатерално ниво со претставници од владата, истакна Мицкоски.

Мицкоски потенцираше дека ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата повеќе нема да се среќаваат на билатерална основа, официјално со претставници од владата.

извор: ВМРО ДПМНЕ