Пукање доцна вечерва во Арачиново, фатени крадци со лубеници од сопствениците на нивата

Пукање се случило доцна ноќва во Арачиново, околу 23 часот и 30 минути.

Крадци на лубеници влегле во нива со лубеници и биле фатени од сопствениците за време на кражбата. Сопствениците на нивата почнале физичка пресметка со двајцата крадци, а за да ја смири ситуацијата засега непознато лице предупредувачки пукало во воздух.

За среќа нема повредени.

infomax.mk