Власта вети внесување на Бугарите во уставот без да се консултира со никого, па сега откако се чини дека нема да успеат да ги реализираат уставните измени, вината ја префрлаат кај опозицијата, објави Алфа.мк.
Министерот Бујар Османи вина не гледа ни во себе ни во Владата. Единствен виновник според него е опозицијата. А зошто вина не гледаат во себе особено оти како услов прифатија нешто што најверојатно не можат да го исполат, Османи без суштински одговор… Ја употреби неколку пати повторената фраза: уставните измени биле во наша корист.
Опциите беа и се две: уставни измени или Комисија за историски прашања. Ние сметаме дека ова е нашиот интерес – уставни измени, бугарска малцинска заедница со сите права. Алтерантивата на уставните измени е седнување и решавање на сите прашања, како што и беше доминантен пристап во текот на разговорите со Бугарија претходно…, вели Османи.
Османи како и Ковачевски е уверен дека уставните измени ќе се случеле, вели дека разговараат и со пратеници од другите партии чии раководства не се согласувале со уставните измени, и е убеден дека ќе соберат доволно пратеници. Сепак не одговори колку точно пратеници убедиле, и ако навистина е така, зошто уставните амандмани се уште не се најдоа во Собранието.
Министерот за надворшени ја искритикува изјавата на претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Мицкоски кој рече дека прекинува комуникација со Владата освен за организирање избори. А токму изборите барем како што тврдат дел од аналитичарите се единствениото решение за крај на политичката криза во Македонија, оти Македонија се почесто добива критики од меѓунарондата. Последна, многу директна и јасна порака, беше онаа од американската амбасадорка Агелер. Таа рече дека е разочарана особено од состојбите во судството – Сите вие заслужувате општество, судство, влада чии постапки се транспарентни и ви служат вам – на граѓаните. Тоа е камен – темелник на фер и функционална демократија, порача Агелер.