Двајца мигранти од Мароко сакале без документи да ја минат границата на Табановце

На Граничен премин Табановце вчера околу 23:00 полициски службеници, при извршена контрола на патници во автобус со струшки регистарски ознаки, констатирале дека патниците H.B.(23) и E.A.(32) не поседуваат документација за идентификување и по извршените проверки е констатирано дека лицата се мигранти од Мароко.

За настанот е известен јавен обвинител и по негова насока лицата мигранти се сместени во прифатен центар за понатамошна постапка, соопшти МВР.

извор:МВР