На 06.05.2022 околу 16.00 часот во Полициското одделение Мирковци било пријавено дека во с.Кучевиште, скопско, било пронајдено лице со рана од огнено оружје.
Полициски службеници излегле на местото и било констатирано дека се работи за П.С.(64) од с.Кучевиште.
Тој бил пренесен во здравствена установа за укажување лекарска помош. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.