Четворица мигранти скриени во товарно возило меѓу фолии во ролни, беа спречени во обид за нелегален влез, по извршена контрола на возило кое патувало за Франција од страна на нашите царински инспектори од Одделението за оперативни работи на граничниот премин Богородица.
➡️Граничната контрола, спречување меѓународен криминал и безбедноста на државата и натаму останува императив во работата на Царинската управа.
извор: Царинска управа