ПОСЛЕДНАТА вечер на Ултра беше одбележана со спектакл на небото.
На третата, последна вечер на музичкиот фестивал, 300 дронови полетаа на небото над Сплит и го осветлија Младинскиот парк во ритамот на музиката. Спектакуларната сцена ги воодушеви посетителите, а снимката ги преплави социјалните мрежи.
За потсетување, Ултра траеше од 7 до 9 јули во Сплит, по што журкачите се преселија на островите каде што продолжува музичката програма на фестивалот. Според полицијата, поради Ултра во Сплит пристигнале околу сто илјади луѓе.
index.hr