Погрешните политики на Владата предводена од ДУИ и СДСМ за само неколку години речиси го урнисаа денарот. Драстичното намалување на куповната моќ на националната валута се должи на една од највисоките стапки на инфлација во регионов и воопшто во Европа, пишива на својот Твитер профил Професорот Трајко Славески, член на ИК на ВМРО-ДПМНЕ.
1/ Погрешните политики на Владата предводена од ДУИ И СДСМ за само неколку години го урнисаа денарот. Драстичното намалување на куповната моќ на националната валута се должи на една од највисоките стапки на инфлација во регионов и воопшто во Европа.
— Trajko Slaveski (@TSlaveski) October 12, 2023
Покрај осиромашувањето на стотици илјади наши граѓани, негативните ефекти ќе се чувствуваат и во наредниот период.
Поради до скоро двојно повисоката инфлација од таа во Еврозоната (курсот на денарот е врзан со eврото) т.н. Реален ефективен курс на денарот од 2015 до сега според НБРМ е апрециран за 15%.
Тоа што цели 25 години (од 1997) успевавме да одржиме стабилен курс на денарот во однос на еврото се должеше на фактот што нашата стапка на инфлација беше во рамките на таа во Еврозоната и немаше воопшто или се бележеше многу мала реална апрецијација на девизниот курс.
Апрецијациата на реалниот девизен курс, при непроменет номинален девизен курс (61,5 денари за едно евро) се должи на повисоката стапка на инфлација кај нас во однос со таа во Еврозоната. Вака, нашиот извоз станува поскап за странците, а увозот поевтин, што негативно влијае врз платниот биланс. Намалена е конкурентната способност на економијата!
Расте и понатаму ќе расте дефицитот во тековната сметка од платниот биланс, а со тоа и надворешниот долг, сѐ додека состојбата стане неодржлива.