Најголемите синдикати од здравството утре излегуваат на протест

0
190

Здравствените работници излегуваат на протест. Утре во 10 часот, за време на паузата, лекарите и другиот медицински персонал во координација со синдикатите ќе го изразат својот револт – велат дека целиот систем е во колапс, а се револтирани што власта со години ги игнорира нивните проблеми, Алфа.МК . 

Синдикатот на Клинички центар, утре излегува на протест за време на паузата. Ова го најави д-р Предраг Серафимовски, потпретседател на Синдикатот.

„Донесовме одлука утре да излеземе на протест, за време на пауза, за да нема штета кон пациентите. Барањата ни остануваат, платите легнаа на сметка на клиниките, уште немаат земена 6-7 клиники. Се надевам дека и тие ќе ја земат платата до денеска“, изјави Серафимовски.

Од лекарската фела бараат покачување на платите на сите вработени во здравството и исплакаќање на регрес за годишен одмор. И велат дека крајно несериозно е да една држава да нема министер за здравство. Бараат итна средба со премиерот.

Дел од лекарите иако се заканија со кривични пријави против одговорните во Фондот за здравствено осигурување, тие се пишманија. Образложение нема, иако беа револтирани од нефункционалноста на здравствениот систем и игнорантскиот однос од нивна страна.

Инаку, на протестот кој се организира за утре, ќе излезат вработените во речиси сите болници, не само во Скопје, туку и во останатите градови низ земјава.

извор:Алфа.МК 

фото: Алфа.МК