Чудна смисла за хумор има Ковачевски, морам да признам. Но, има само еден начин тоа да го покаже и докаже, наместо како кукавица да биде под фустанот на коалициониот партнер ДУИ, нека излезе на избори и ќе видиме кој кого ќе победи и какви ќе бидат резултатите, порача претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски од општина Аеродром одговарајќи на новинарско прашање.
Мицкоски додаде дека се додека Ковачевски како кукавица се крие под фустаните на ДУИ, тој ќе остане само на кукавички заканувања.
„Се додека е како кукавица и коленичи под фустаните на поголемиот коалиционен партнер во Владата, а тоа е ДУИ за жал ќе остане само на кукавички заканувања, а во суштина делата ќе изостанат“, рече претседателот на ВМРО-ДПМНЕ.
Тој додаде дека има мали карактери кај кои што проработува филозофијата на нивната фрустрација и честопати знаат таа фрустрација и во јавност да ја артикулираат.
„Еве јас го повикувам еднашка да се охрабри и да не биде кукавица, да не биде сокриен под фустаните на коалиционите партнери и нека излезе на избори за да се соочиме пред граѓаните. И да видиме кој е тој, дали тој навистина ќе не победи, или пак резултатот ќе биде поинаков. Нека не чека, ние сме подготвени уште утре да се распушти Парламентот и веднаш да одиме на избори“, нагласи Мицкоски.
Извор: ВМРО ДПМНЕ