Јаница Костелиќ (41) е бремена!

0
462

Поранешната скијачка Јаница Костелиќ (41) е бремена. Магазинот Story откри дека Јаница е во второто тромесечје од бременоста и дека се оди во најдобар ред.

 

Јаница моментално е на одмор со синот Оскар и нејзиниот партнер. Тие летуваат на островите Брач ​​и Хвар.

 

На почетокот на 2019 година го роди синот Оскар. После тоа, таа се повлече од јавноста, а веста за првата бременост ја сподели само со најблиските членови на семејството и пријателите и ја чуваше во тајност од јавноста.

 

Јаница ретко зборува за приватниот живот во јавноста, но една година по раѓањето на Оскар откри дека момчето е многу разиграно и дека одлично се снаоѓа во улогата на мајка.

И пред раѓањето на Оскар, поранешната скијачка постојано повторуваше дека обожава деца. Фотографите често ја гледаа како се дружи со децата на нејзиниот брат Ивица Костелиќ.

 

 

zagorje.hr