ВМРО ДПМНЕ: Сашо Тасевски да не се крие зад МВР и да одговори лично, кои се клиентите, кои ги користат услугите на семејната фирма?

0
206

Сашо Тасевски, треба да престане го злоупотребува МВР, за лични работи и самиот да ги даде одговорите пред јавноста која ги бара, се вели во соопштението од ВМРО ДПМНЕ.

Во продолжение на истото се додава:

Треба да одговори пред граѓаните, со што се занимава семејната фирма, регистрирана на домашната адреса, со што тргува, какви услуги нуди и што произведува?Колкав бизнис е во прашање и кои се клиентите кои што ги користат услугите на фирмата на домашната адреса на Сашо Тасевски, директорот на БЈБ?Дали после прикривањето на неколкуте скандали на неговото блиско семејство, следната фаза е отворање на профитабилен бизнис за неговиот син, по стапките на децата и внуците, на неговиот газда Али Ахмети?Зошто не ја  пријавил фирмата до ДКСК, доколку известил дека се почнува семеен бизнис на домашна адреса, бараме да го покаже документот, пријавата, соодветната комуникација со ДКСК.Додека луѓето од власта си тераат приватни милионски бизниси, народот тоне во сиромаштија, поради криминалите кои ги прави власта.Одговорност ќе има пред народот и тоа за сите кои направиле криминал. Одговорноста која ќе следи, од ден на ден е се поблиску.

извор: ВМРО ДПМНЕ