ВМРО ДПМНЕ: СДС и ДУИ со зголемување на ДДВ за пелетите од 5% на 18%, и со таканаречениот солидарен данок удираат по народот, за да има за тендерите на Груби и Ковачевски

0
180

СДС и ДУИ со зголемување на ДДВ за пелетите од 5% на 18%, и со таканаречениот солидарен данок удираат по народот, за да има за тендерите на Груби и Ковачевски.СДС и ДУИ до собранието доставиле 3 закони под европско знаменце, од кои сите 3 се удар за народот, се вели во соопштението од ВМРО ДПМНЕ.

Во продолжение на истото од партијата додаваат:

Власта планира да го зголеми ДДВ за пелетите од 5% на 18% и со тоа да удри врз граѓаните кои се греат на пелети со 12% поскап енергенс. Ако до лани некој трошел 40.000 денари за пелети, сега ќе треба да плати 45.000 денари. Разликата во цени оди во буџетот за Груби и Ковачевски да имаат повеќе пари за матни зделки.По ист принцип е и таканаречениот солидарен данок, со што власта бара од компаниите да се солидарни, а во исто време троши немилосрдно од парите на граѓаните за тендери и договори во 4 очи.СДС и ДУИ по брза постапка сакаат да протнат закони со кои ќе го удрат народот и фирмите, ќе скратат од нивните средства за да има повеќе за власта.

извор: ВМРО ДПМНЕ