Неколку хрватски медиуми и полицијата во Загреб утрово добиле дојави за наводно поставени бомби на повеќе локации во главниот град на Хрватска.
Заканите биле дека експлозивни направи се поставени во зградата каде се наоѓа редакцијата на весникот „Јутарњи лист“, во трамвајската клучка во областа Дубрава, земјоделското училиште, хотелот „Резиденс“ и во Полициската станица во Дубрава.
Загрепската полиција веднаш по дојавите излегла на терен и ги проверила локации. На четири од нив, јавува „Индекс“, не се пронајдени експлозиви односно дојавите биле лажни, додека петтата локација сè уште се проверува. Неофицијално, единствената локација каде не е завршена проверката е во редакцијата на „Јутарњи лист“.
Порталот пишува дека во порака со дојавата за бомби пишува дека секоја експлозивна направа содржи експлозив Ц4 и нервен агенс сарин, како и дека има тајмер.