ИРЛ: Министерот Крешник Бектеши ги измамил, дел од министрите бараат ревизија на одлуката за рудниците

Министерот за економија Крешник Бектеши ја измамил Владата, премиерот Димитар Ковачевски и министрите дека Управен суд донел одлука за спојување на концесиите за ископ на бакар и злато на „Еуромакс ресоурцес“ во Струмичко. Како што објавува Истражувачка репортерска лабораторија (ИРЛ) во текстот „Министерот Крешник Бектеши ги измамил, дел од министрите бараат ревизија на одлуката за рудницитеим подметнал“, одлуката била донесена на седницата одржана на 5 јули 2023 година и на неа сите министри гласале за комбинирана концесија што ќе ја обедини ксплоатацијата на минерални суровини од две клучни локации.

Бектеши ја става оваа точка на владина седница откако Управниот суд, во третото одлучување за предметот во март година носи одлука во корист на „Еуромакс ресоурцес“. Претходно два пати тужбите на „Еуромакс ресоурцес“ беа отфрлени од судот како неосновани. Но, пресврт настанува во одлуките на судот откако фамилијата Дестани, блиска до ДУИ и лидерот Али Ахмети, купува удели во компанијата „Еуромакс ресоурцес“.

Како што велат министри во Владата сѐ траело многу кратко и никој не се посомневал дека е можно Министерството за економија да презентирало лажни податоци.

Седницата ја водел премиерот Димитар Ковачевски, заедно со неговиот прв заменик, Артан Груби. Присутни биле скоро сите министри. Точката за спојување на концесиите за ископ на минерални суровини на „Еуромакс ресоурцес“ не била на дневниот ред, доаѓа како дополнителен предлог од министерот за економија Крешник Бектеши. Никој од министрите не гласал против.

„Министрите не беа запознаени со суштината на предметот“, појаснува за ИРЛ министерката за животна средина Каја Шукова. Министрите во моментот располагале само со образложението кое го доставило Министерството за економија, во кое пишува дека Управниот суд наложил да се спојат концесиите.

И министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски вели дека не знаеле дека одлуката на Управниот суд не бара од владата спојување на концесии. Тој како и повеќето негови колеги немал причина да се сомнева во документ на министерството кој што го презентирал Бектеши и вели дека негов личен став е да нема рудник доколку локалното население тоа не го сака.

Министерката за одбрана Славјанка Петровска вели дека министрите за време на седницата немаат време да ги разгледаат сите материјали за точки кои се додадени на дневниот ред на самата седница.

„Во такви случаи се потпираме на образложението кое го добиваме од ресорното министерство. Сметам дека потребно е Владата да ја преиспита одлуката за спојување на концесиите на „Еуромакс ресоурцес“ на следната седница. Ако сме донеле погрешна одлука, тоа треба да се исправи“, вели министерката Петровска за ИРЛ.

Денес во Струмица се одржува протест против рудниците и се бара Владата да им ја одземе концесијата на „Еуромакс ресоурцес“.

 

Текстот во целост на: (ИРЛ)