Дури 45% од жените во Македонија се жртви на некакво насилство?

Дури 45% од жените во Македонија доживуваат родово базирано насилство во разни форми. Најчести се случаите на физичко и психичко насилство, но не е исклучено ниту вербалното, емоционалното и економското насилство. Ова го покажува најновото истражување на Министерството за труд и социјална политика во соработка со Британската амбасада и Фондот за население на Обединетите нации, објави АЛСАТ.

Од Министерството за труд велат дека оваа негативна појава во нашето општество се очекува да се ублажи со законски решенија.

Во Македонија има три СОС телефонски линии за помош на жените кои се жртви на семејно насилство. ( 02 -15-700), (141-700), (15-315). Иако работат редовно обезбедувајќи помош и совети 24/7, резултатите од проектот покажуваат дека со години службите за телефонска линија работат под тешки услови и со ограничена институционална и финансиска поддршка.

извор АЛСАТ