Објавена листата на најмоќните пасоши во светот, прв пат по пет години Јапонија го нема најсилниот пасош, а каде сме ние?

Објавен е новиот извештај за најмоќните пасоши за 2023 година (The Henley Passport Index). Првпат за пет години, Јапонија не е на првото место.

Според новите податоци, Сингапур се најдена врвот на листата. Неговите граѓани без виза можат да посетат 192 од 227 земји. На второто место се наоѓаат Германија, Италија и Шпанија.

Зад нив се Австрија, Финска, Франција, Јапонија, Луксембург, Јужна Кореја и Шведска. На четвртото место се Данска, Ирска, Холандија и Обединетото Кралство.

Македонија се најдена 43 место, а што се однесува до другите земји од регионот позициите се следни: Словенија е на 9 место, Хрватска на 14 место, Србија на 34 место, Црна Гора на 44, Албанија на 48, Косово на 94 место, Босна и Херцеговина на 47 место.

На дното од листата се наоѓаат државите чии пасоши овозможуваат влез без виза во помалку од 40 земји во светот, а тоа се: Северна Кореја, Непал, Палестина, Сомалија, Јемен, Пакистан, Сирија, Ирак и Авганистан.

Комплетната листа може да ја погледнете ТУКА.