Република: Основачот на „Али Баба“ по Белград и Сараево го посетил и Скопје – се подготвува ли крупна зделка?!

0
526

Џек Ма, кинескиот милијардер и основач на компанијата „Али Баба“ изминатиот викенд покрај посетата на Белград и Сараево го посетил и Скопје, објави Република . 

Човекот кој од нула создаде бизнис-империја, а неколку пати бил одбиван да се запише на факултет викендот бил на Балканот а не го изминал и Скопје.

Тој во придружба со повеќе луѓе бил на ручек во скопскиот ланч бар СОУЛ КИЧЕН, на Градскиот кеј. Видно расположен уживал во македонската храна и пијалок, брифираат очевидци на настанот.

Засега не е позната причината за неговото присуство во главниот град, но регионалните медиуми веќе четири дена пишуваат за неговата посета на Балканот.