Денес остваривме средба со Македонците во Мала Преспа, Пустец. На средбата разговаравме за положбата и правата на Македонците во Република Албанија, за негувањето и афирмацијата на македонската посебност и македонскиот национален дух, за поголема прекугранична соработка за која цел сме во план за отворање на задграничен комитет.Република Македонија и Република Албанија негуваат и градат пријателски односи на соработка базирана на обострано почитување.Посетивме и дел од училиштата кадешто дониравме книги на македонски јазик за деца на училишна возраст.