(ВИДЕО) Двајца напаѓачи пукаа во луѓе во кафуле Приштина, повредени се и 17 лица

Во Приштина во петокот вечерта дошло до тепачка и пукање во кафеана, дури 17 лица се повредени, а едно лице е во тешка состојба.

Во Приштина во петокот вечерта се случила тепачка и пукање во кафеана на улицата Реџеп Лучи во која се повредени 17 лица . Седум лица се повредени од огнено оружје, а десет се повредени од други предмети, додека едно лице е во тешка состојба.
„ Во моментов се идентификувани најмалку двајца осомничени како инволвирани во овој случај, а се работи на откривање на други можни осомничени “, соопшти полицијата.

Директорот на Ургентниот центар Насер Сиља потврди дека еден од повредените е во животна опасност. Тој ја откри и состојбата на останатите повредени.

„ Имаме вкупно 17 повредени, од кои седум со огнено оружје, а 10 се со други повреди од скршено стакло или инвентар. Сите се во стабилна состојба, додека еден е во операциона сала и неговиот живот е во животна опасност. Останатите се стабилни. Возраста на пациентите се движи од 20 до 39 години “, изјави Сиља за „Репортерс“, а пренесува „Косово онлајн“.