ВМРО ДПМНЕ: 7 години владата на СДС ја нема ревидирано позитивната листа, лековите кои живот значат за граѓаните ги нема

Влада на СДС целосно го уништи здравствениот систем. За 7 години СДС промени 4 министри за здравство, а здравството и понатаму е во катастрофална состојба.
Наместо бесплатно здравство владата на СДС, на граѓаните им донесе целосно руинирано македонско здравство. Луѓе умираат поради немање на лек и соодветна терапија, се вели во соопштението од ВМРО ДПМНЕ.

Во продолжение го пренесуваме истото во целост:

Граѓаните молат државата да им набави лекови. Седум години позитивната листа не е ревидирана, а министерот за здравство Фатмир Меџити наместо да започне со работа, дава празни ветувања.

Седум години откако СДС е на власт на позитивната листа има непотребни лекови кои со години веќе не се произведуваат, а оние лекови кои на граѓаните им се потребни и за нив живот значат, речиси воопшто ги нема на позитивната листа. Дури некои од потребните лекарства не можат да се набават, бидејќи ги нема никаде низ аптеките во државата.

А згора на тоа, граѓаните треба да издвојат месечно голема сума на пари за да ја обезбедат потребната терапија, бидејќи лековите кои им се потребни ги нема на позитивната листа.

Здравјето на граѓаните нема цена.

Меџити и владата на СДС да одговорат до каде е ветување за лек во секое време за секој пациент и редовна набавка на квалитетни лекови за 44 000 инсулинско-зависни пациенти?

Меџити мора да одговори кога пациентите ќе добијат нова ревидирана листа на позитивни лекови и зошто толку време се доцнеше со формирањето на комисијата за позитивна листа?

На македонското здравство му е потребен целосен рестарт и тоа час поскоро. Тоа е можно само со заминување на СДС од власт и брзи избори.

извор: ВМРО ДПМНЕ