(ФОТО) Афра – девојчето кое се роди под урнатините во разорниот земјотрес во Турција

0
1109

Бебето кое се роди под урнатините на зградата по земјотресот што ја погоди Сирија сега има шест месеци и расте во семејството на неговите посвоени родители во Џиндерис, Сирија.

Бебето се уште било поврзано за мајка си со папочната врвца кога спасувачите го извлекле од урнатините, 10 часа по земјотресот чиј епицентар беше во Турција.

Во земјотресот загина целото семејство, а телата беа пронајдени на излезот од зградата, која се урна. Се претпоставува дека мајката го родила бебето под урнатините, а потоа починала.

Вработените во болницата на девојчето му го дале име Аја, што значи чудо или дар од Бога. Меѓутоа, нејзините посвоители ја прекрстиле во Афра.

Девојчето го посвоил нејзиниот вујко Калил ал-Савади и таа сега живее и расте со неговото семејство и децата.

kurir.mk